Vrabotuvanje.com - Со белградски автобуси ќе се решава проблемот со јавниот превоз во Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Со белградски автобуси ќе се решава проблемот со јавниот превоз во Скопје

Дали и колку автобуси Белград ќе донира за Скопје?

Со белградски автобуси ќе се решава проблемот со јавниот превоз во Скопје

По донацијата на вакцини и локомотиви, Србија повторно со помош за Македонија. Белград ќе испрати автобуси за Скопје, но и другите градови во земјава

Станува збор за полските автобуси Соларис Урбино 18, од кои во последниве 15-ина години во Србија се обезбедени над 200 вакви автобуси.

Информацијата ја откри српскиот Центар за локална самоуправа, oд каде сметаат дека одлуката да се донираат автобуси е произволна, неразумна и штетна за граѓаните на Србија. Реакција стигна и од српската Партија на слободата и правдата, кои алармираат дека на улиците во земјата ќе останеле само кинески и турски автобуси.

Јавниот превоз во Скопје е во сериозни проблеми подолг период, особено со стартот на учебната година. Од прекумерно доцнење на автобусите и лошата кондиција на возилата до протести на приватните превозниците.

Извор: kanal5.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде