Vrabotuvanje.com - На денешен ден 1689 година австрискиот генерал Силвио Пиколомини поради епидемија на колера го запалил Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

На денешен ден 1689 година австрискиот генерал Силвио Пиколомини поради епидемија на колера го запалил Скопје

На денешен ден, 26 октомври, во 1689 година по наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запалила Скопје, кое горело два дена.

На денешен ден 1689 година австрискиот генерал Силвио Пиколомини поради епидемија на колера го запалил Скопје

„Градот Скопје е голем речиси колку Прага. Тој е без ѕидини и ровови. Го најдов напуштен и лишен од сите скапоцености, но богато е снабден со стоки. Малкуте луѓе што останале, исплашено врват по улиците. Жал ми е што зградите, какви што досега не сум видел, џамиите од најубав мермер и украси од злато на кои и во Рим би им посветил внимание, убавите старини и градини, морам да му ги предадам на пламенот.“ вака пишува Пиколомини.

Австријците го запалиле градот за да се спасат од епидемијата на колерата, но опасната болест не била запрена од огнот. За кусо време изгореле многу куќи, дуќани и други градежни објекти.

Покрај загубите што му биле нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеле и умреле од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде