Vrabotuvanje.com - Купил лото ливче кое не го сакал, и освоил 9,2 милиони долари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Купил лото ливче кое не го сакал, и освоил 9,2 милиони долари

Жител на американската сојузна држава Илиноис купил, поради расипан автомат, ливче за еден вид лотарија која не ја сакал, но сепак му донела добивка од 9,2 милиони долари.

Купил лото ливче кое не го сакал, и освоил 9,2 милиони долари

Човекот, кој не сакаше да биде именуван, рекол дека тоа бил ден како секој друг, купил намирници и се упатил кон излезот од продавницата кога решил да купи лоз, пренесува магазинот People.

„Машината не сакаше да ми даде ливче за играта на среќа што ја посакував. Бев разочаран и се прашував што се случува“, рече тој, додавајќи дека машината се заглавила на играта Лото.

Како што рече, сепак одлучил да го купи ливчето што му го дала машината, за да ја добие наградата од 9,2 милиони долари на премиум извлекувањето.

“Не можев да верувам. Ја погледнав сопругата, а таа остана без зборови. Се смеевме колку бев лут на расипаната машина, а сега сме толку благодарни што се заврши вака”, изјави среќниот добитник.

Извор: denar.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде