Vrabotuvanje.com - Виена е најпогоден град за живеење - добрата инфраструктура на јавниот превоз е една од причините
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Виена е најпогоден град за живеење - добрата инфраструктура на јавниот превоз е една од причините

Австриската престолнина заврши на првото место на листата на градови „најпогодни за живеење“, објавена од британскиот весник „Економист“. Како една од причините се наведува добрата инфраструктура на јавен превоз.

Виена е најпогоден град за живеење - добрата инфраструктура на јавниот превоз е една од причините

Виена има околу два милиони жители, а околу половина од нив имаат сопствен месечен билет за градски превоз, изјави Јозеф Таухер, член на Градскиот совет на Виена од Социјалдемократската партија.

„Билтот чини едно евро дневно, а тоа е така од 2012 година. Користењето јавен превоз има големо влијание во борбата против климатските промени“, изјави Таухер за „Евроњуз“ на маргините на „European Mobility Expo“, нагласувајќи ја достапноста на годишен билет кој чини само 365 евра.

Тој додаде дека ако се соберат извозените километри од автобусите, трамваите и метрото во градот, тоа би значело дека може да се заобиколи светот пет пати дневно.

Градската статистика на австриската престолнина покажува дека три од десет жители на Виена користат јавен превоз секој ден, повеќе од една третина од жителите одат пеш до работа, училиште или факултет, додека само четвртина од нив првенствено го користат својот автомобил.

Од 792 милиони патници на виенските линии во 2022 година, 352 милиони патувања биле направени со метро, а 274 милиони со трамваи.

Неодамнешното истражување покажа и дека дури 91 отсто од корисниците на јавниот превоз се задоволни од услугата. Така Виена заврши на првото место во овој поглед.

 

Извор: „Евроњуз Србија

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде