Vrabotuvanje.com - Повеќе од 19 илјади граѓани вакцинирани за сезонски грип
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Повеќе од 19 илјади граѓани вакцинирани за сезонски грип

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип досега се пријавени над 61 илјада граѓани, додека во пунктовите за вакцинација веќе се вакцинирани над 19 илјади.

Повеќе од 19 илјади граѓани вакцинирани за сезонски грип

Како што велат од Министерството, овие бројки го покажуваат големиот интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонскиот грип.

Дополнително, оттаму известуваат дека почнувајќи од денес, мобилните тимови од здравствените установи ќе спроведуваат вакцинација во домовите за стари лица.

„Вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција од грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи“, истакнуваат од Министерството за здравство.

За потсетување, пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата „vakcinacija.mk“ и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот „Мој Термин“.

„Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс порака граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат“, велат оттаму.

Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Извор: radiomof.mk

  •  

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде