Vrabotuvanje.com - ЕДНОСТАВЕН НАЧИН да измерите колку храна ви е потребна во текот на еден ден?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ЕДНОСТАВЕН НАЧИН да измерите колку храна ви е потребна во текот на еден ден?

ЕДНОСТАВЕН НАЧИН да измерите колку храна ви е потребна во текот на еден ден?

Модерниот начин на живот ни донесе голем број на нездрави навики кога се работи за исхраната, а прва на листата дефинитивно е прејадувањето.

Не мора да сакате да намалите некој килограм за да почнете да внимавате на исхраната, правете го тоа заради здравјето, а не изгледот.

Наједноставен начин како да измерите колку храна ви е потребна, односно доволна, во еден оброк е да ја испружите раката и да го следите овој водич:

1. Спојте ги двете раце како да ќе полните вода во нив, но наместо вода, измерете колку зеленчук собира во нив. Толку зеленчук ви е доволен за еден ден.

2. Стегнете тупаница и колкав што е делот на превитканите прсти, толку јаглехидрати ви се потребни во текот на еден ден. Тука спаѓаат тестенини, оризот, житарките и лебот.

3. Големината на дланката, без прстите, е големината на парчето месо кое треба да го изедете во текот на еден ден.

4. Стегнатата тупаница е еднаква на количината на овошје кое ви е потребно во текот на целиот ден.

5. За да измерите колку кашкавал, сирење или друга млечна преработка ви е доволна во текот на денот, измерете ги показалецот и средниот прст и исечете толкаво парче.

извор: crnobelo.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде