Vrabotuvanje.com - Директорот на „Визер“ откри колку Македонци се вработени во компанијата и најави 5.000 нови вработувања во наредните 2 до 3 години
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Директорот на „Визер“ откри колку Македонци се вработени во компанијата и најави 5.000 нови вработувања во наредните 2 до 3 години

Директорот на „Визер“ откри колку Македонци се вработени во компанијата и најави 5.000 нови вработувања во наредните 2 до 3 години

Најголемиот авиопревозник во нашата држава со години наназад е нискобуџетната унгарска компанија „Визер“.

Главниот извршен директор на „Визер“, Џозев Варади во интервју за Алфа ТВ говореше на повеќе теми.

На прашање дали можеме да очекуваме други дестинации од и до Македонија, еден од водечките луѓе на „Визер“ кажа:

-Да, може. Ќе бидете известени кога тоа ќе се случи. Не би сакал да шпекулирам, но тековно разгледуваме нови дестинации за збогатување на македонскиот пазар, кажа Варади за Алфа Тв и додаде:

– За нас работат веќе 300 вработени од Македонија. Не се сите во Скопје, голем број од вработените Македонци се во други оперативни бази, но и во нашата дирекција, на пример во Будимпешта. Се разбира дека сме заинтерсирани да вработиме уште повеќе Македонци. Имаме во план да вработиме голем број луѓе. Во следните 2-3 години планираме да вработиме уште 5000 луѓе.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде