Vrabotuvanje.com - Гази Баба обезбедува субвенции до 100 евра за стерилизација на домашни миленици
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Гази Баба обезбедува субвенции до 100 евра за стерилизација на домашни миленици

Општина Гази Баба им доделува субвенции на граѓаните за стерилизација на домашните миленици. За таа цел, објавен е јавен повик.

Гази Баба обезбедува субвенции до 100 евра за стерилизација на домашни миленици

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на неговиот Фејсбук профил објави дека општината ќе субвенционира стерилизација на домаши миленици. Надоместокот на трошоците за граѓаните ќе биде 100 % , но не повеќе од 6000 денари. 

„Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок. Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни како за здравјето на миленикот така и за околината. Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и намалување на популацијата на бездомни миленици, а истовремено се намалува и нивната агресивност. Објавен е јавниот повик и ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да добијат субвенции“, напиша Стефковски.

Линк до јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-subvencioniranje…/

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде