Vrabotuvanje.com - „Тепачка“ за ваучери за инвертер климите, редици граѓани чекаат пред „Борис Трајковски“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

„Тепачка“ за ваучери за инвертер климите, редици граѓани чекаат пред „Борис Трајковски“

„Тепачка“ за ваучери за инвертер климите, редици граѓани чекаат пред „Борис Трајковски“

Голем број граѓани утрово чекаат пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје да си ги земат ваучерите за инвертери кои ги доделува Министерството за енергетика. Ваучерите можат да се подигнат денеска од 9 до 17 часот, а редиците се долги и покрај тоа што од министерството информираа дека оние граѓани кои денеска нема да успеат да стигнат, тоа ќе можат да го направат до крајот на ноември.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска се надева дека инвертерите за кои министерството дава до 30.000 денари субвенција, ќе бидат инсталирани во домовите на граѓаните кои ја добиле поддршката, но нема начин како тоа да се санкционира.

“Јас се надевам дека ќе бидат искористени за тоа што сакаме да помогнеме како влада за инсталирање на инвертери. Доколку некој смета дека тоа не е доволно и прави нешто што е спротивно на законот, тоа ќе биде санкционирано. Меѓутоа ние се надеваме дека ова е за ранливи категории и за енергетска ефикасност. Се надеваме дека ќе нема такви злоупотреби“, рече Божиновска, која денеска го посети пунктот за доделување ваучери за инвертери кој денеска е поставен во салата „Борис Трајковски“, каде скопјани може да ги подигнат ваучерите.

Таму, од утрово има редици граѓани кои чекаат да потпишат договор за да го подигнат ваучерот.

Токму тоа потпишување договор е причината зошто ваучерите не беа доставени по пошта, затоа што смета министерката, ќе требаше многу време да се достават, а потоа договорите да се вратат потпишани во министерството.

Таа додаде дека граѓаните не мора денеска, во работен ден, да чекаат повеќе часови пред салата, затоа што во следните 24 дена имаат време да ги подигнат од Министерството за енергетика, рударство и миниерални суровини.

Нема ограничувањеза тоа кога ќе бидат инсталирани купените инвертери, а единствен услов за да се искористат доделените пари, е тие да бидат купени до 30 ноември.

Извор: „mkd.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде