Vrabotuvanje.com - Мистерија во Турција: Оган на врвот од планината кој гори без престан 2.500 години
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Мистерија во Турција: Оган на врвот од планината кој гори без престан 2.500 години

На југозападниот дел од Турција, недалеку од градот Анталија, може да се пронајде мистерија која ја „скокотка“ фантазијата на љубопитните повеќе од 2.500 години. На врвот на планината Химер, уште од античко време гори оган: вечниот пламен што го споделува своето име со планината.

Мистерија во Турција: Оган на врвот од планината кој гори без престан 2.500 години

Со генерации се пренесува древната легенда за тоа дека виновник за пожарот била Химера, чудовиштето кое изгледа како мешавина од коза, змија и лав, но научниците утврдиле дека пламенот е резултат на посебниот вид метан под карпите и хемиската реакција со помош на која тој се создава.

Се смета дека ова место е едно од најзапаливите метански подрачја, благодарение на катализаторот-рутениум со кој изобилуваат вулканските карпи. „Горечките карпи“, во комбинација со мирисот на плин и звукот на штурците, претставуваат навистина фасцинантна глетка, а мистичната атмосфера дополнително ја надополнуваат урнатините на храмот посветен на Хефест, грчкиот бог на огнот и ковачот. За да стасате до вечниот оган потребни се само половина час планинарење.

Најдобро време за посета е од средината на септември до крајот на ноември или од средината на март до крајот на мај во вечерните часови кога огнот може најубаво да се види.

„Горечките карпи“ се дел од националниот парк „Olympos Beydağları“, каде покрај митовите, живеат и прекрасната медитеранска убавина, како и сеќавања на поранешни градби. Таму ќе ги најдете расфрланите урнатини на градовите долж тамошниот брег, а ѕидовите на одамна напуштените храмови се кријат помеѓу дрвјата, меѓу планините. Многубројните посетители кои доаѓаат да го видат вечниот оган често се одлучуваат да ги истражат малите тиркизни заливи и камените плажи.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде