Vrabotuvanje.com - Од утре поскап бензин, цената на дизелот не се менува
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Од утре поскап бензин, цената на дизелот не се менува

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи од полноќ да се зголеми цената на горивата. Непроменета останува само цената на дизелот.

Од утре поскап бензин, цената на дизелот не се менува

Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за половина денар, а за денар ипол поскапува Екстра лесното масло за домаќинство.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 76 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 78 денари за литар. Дизелот оваа недела ќе биде со стара цена од 70,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 69,5 денари за литар, а Мазутот по цена од 43,844 денари за килограм.

Новите зголемени цени на горивата, според РКЕ, се должат на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на претходната пресметка.

Извор: alsat.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде