Vrabotuvanje.com - На Попова Шапка утрово најстудено, најтопло во Гевгелија со измерени 7 степени
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

На Попова Шапка утрово најстудено, најтопло во Гевгелија со измерени 7 степени

На Попова Шапка утрово најстудено, најтопло во Гевгелија со измерени 7 степени

На Попова Шапка утрово најстудено со измерени – 5 степени Целзиусови, во Гевгелија најтопло со 7 степени.

Во Маврови Анови, Лазарополе и Крушево се измерени – 2 степени, 0 во Крива Паланка, Виница и Берово, 2 степени во Битола, Прилеп и Штип, 3 во Тетово и Куманово, 4 степени Целзиусови во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Струмица и Кавадарци.

УХМР информира дека во изминатите 24 часа до 08 часот утрово најмногу дож наврнал 12 литри на метар квадратен во Крива Паланка, 8 во Штип и Виница, 5 Велес, 2 Кавадарци и Крушево, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија и Берово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со појава на магла по котлините. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје претежно облачно и тивко, во делови од котлината со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Извор: kurir.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде