Vrabotuvanje.com - СОЛЕТА - Компанија која беспоштедно вложува во обука, усовршување и грижа за своите вработени
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

СОЛЕТА - Компанија која беспоштедно вложува во обука, усовршување и грижа за своите вработени

СОЛЕТА - Компанија која беспоштедно вложува во обука, усовршување и грижа за своите вработени

Солета, прв избор кога станува збор за производи од месо-преработувачката индустрија, има развиена големопродажна дистрибутивна мрежа, ланец од единаесет малопродажни објекти и дури 110 вработени. Нивниот тим не престанува да расте, а во Солета секогаш има место за вредни, чесни и амбициозни кадри. Во нивното големо семејство се добредојдени и кандидати кои немаат претходно работно искуство, бидејќи компанијата беспоштедно вложува знаење и ресурси во обука и усовршување на истите. Солета е отворена и за обуки и пракса на средношколци и студенти од сите области на работењето.  

Секој вработен согласно своето работно место добива еднократни или повеќекратни обуки од областа на своето работење. Компанијата обезбедува екстерни (следење на законските прописи и регулативи, безбедноста и здравјето при работа, финансовото работење, хигиена на храна и примена на НАССР систем, трендови и иновации во месопреработувачката индустрија, развој на нови производи, менаџмент со човечки ресурси, ПР маркетинг) и интерни обуки. Интерните и континуирани обуки се однесуваат на хигиена на процесот, мониторинг на критични контролни точки, постапување при инцидент, криза или несреќен случај, подобрување на секојдневното работење и избегнување на % на грешки. Овие обуки се спроведуваат од вработените на поодговорните позиции кои постојано се надоградуваат и посетуваат семинари и обуки во и надвор од Македонија.

Благодарение на овие обуки Солета е тим од професионалци кој функционира беспрекорно веќе 22 години со воспоставен систем на организација и работа од самите почетоци, а надоградуван во текот на повеќегодишното работење и егзистирање.

Но, тука не престанува грижата кон вработените. Менаџментот е отворен за постојани разговори и согледување на проблемите и недостатоците при работењето, како и секојдневно подобрување и корекција на вработените  при направена грешка во текот на работниот процес. Солета истовремено е и одговорна компанија која е поддршка на своите вработени во различни животни прилики и  неприлики.  

Покрај редовните месечни примања, почитување на работно време, овозможување на добри и пријатни работни услови, обезбедување соодветна опрема и облека за работа, вработените во Солета имаат и флексибилно користење на годишен одмор, регрес за годишен одмор, платено празнично работење, ноќен труд, прекувремена работа, платени дневници за работа надвор од Македонија..

Трудот на лојалните, чесни и вредни работници е секогаш соодветно вреднуван. 

Сакаш да станеш дел од тимот на Солета?
СОЛЕТА ДОО

АПЛИЦИРАЈ за позицијата ПРОДАВАЧ/КА или ПОМОШНИК ВО КУЈНА

 

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: 

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде