Vrabotuvanje.com - РЕГУЛАТОРНА ОДЛУЧИ: Големо поевтинување на горивата - започнува од вечерва на полноќ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

РЕГУЛАТОРНА ОДЛУЧИ: Големо поевтинување на горивата - започнува од вечерва на полноќ

РЕГУЛАТОРНА ОДЛУЧИ: Големо поевтинување на горивата - започнува од вечерва на полноќ

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините од утре ќе се точат по цени поевтини за 2,5 денари додека со дизел ќе полните резервоари по цени помали за 3 денари од денешните.

Тоа значи дека возачите ќе полнат  ЕУРОСУПЕР БС-95 по цени од 58,5, а за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе плаќаат 60,5 денари за литар.

Што се однесува до ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) тој ќе чини 55 денари за литар.

По цена од 43,5 денари за литар пак ќе се продава Екстра лесното масло за домаќинство.

Новите цени на нафтените деривати почнуваат да важат од полноќ и ќе бидат по таа цена во следните две недели.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде