Vrabotuvanje.com - БЛАГ ПОРАСТ: Просечната нето-плата во септември изнесувала 41.585 денари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

БЛАГ ПОРАСТ: Просечната нето-плата во септември изнесувала 41.585 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 41.585 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

БЛАГ ПОРАСТ: Просечната нето-плата во септември изнесувала 41.585 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, изнесува 109.8.
 
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12.6 %), Преработувачка индустрија (11.7 %) и Уметност, забава и рекреација (11.4 %).
 
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.8 %), Административни и помошни услужни дејности (5.0 %) и Преработувачка индустрија (2.8 %).
 

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во септември годинава, изнесувала 62.573 денари.

Споредете ја вашата плата сега на ЛИНКОТ, или пробајте ја алатката бесплатно на ТУКА (за компании.)

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде