Vrabotuvanje.com - Како правилно се чуваат јајца за да останат свежи подолго?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Како правилно се чуваат јајца за да останат свежи подолго?

Како правилно се чуваат јајца за да останат свежи подолго?
При купувањето јајца проверете дали тие се чисти и неоштетени. Доколку се во ред, чувајте ги во фрижидер, но не на вратата, каде што температурата е повисока, туку внатре и во оригиналното пакување.
 
На овој начин лушпата најдобро ќе се зачува, ќе го спречи сушењето и навлегувањето на мирисите карактеристични за фрижидерот.

Доколку јајцата стојат подолго во фрижидер, се препорачува да ги користите за колачи кои се печат на високи температури или тврдо да се сварат за појадок.

Здравствените експерти советуваат дека јајцата треба да се користат најдоцна три до пет недели по купувањето. Доколку не се изедат веднаш по готвењето, подготвените јајца во фрижидер може да се чуваат најмногу три дена.

Извор: trn.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде