Vrabotuvanje.com - Од Македонија до Малта – што ги тера младите да ја напуштат татковината?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Од Македонија до Малта – што ги тера младите да ја напуштат татковината?

Иселувањето на младите од Македонија е еден од најголемите општествени предизвици во последните децении.

Од Македонија до Малта – што ги тера младите да ја напуштат татковината?

Според податоците на меѓународните институции, секоја година илјадници млади луѓе одлучуваат да заминат во потрага по подобри услови за живот.

Но што навистина ги тера младите да ја напуштат својата татковина, и има ли надеж за нивно враќање?

Причините за миграцијата се повеќеслојни. Економската нестабилност, високата невработеност и ниските плати се едни од најчестите фактори.

Дополнително, корупцијата, неефикасноста на институциите и недостатокот на можности за професионален развој ги поттикнуваат младите да бараат посигурна иднина надвор од границите на Македонија.

Јелена Јордановска од Скопје, пред три години ја донела најголемата одлука во својот живот – да замине за Малта.

Сега таа живее во Валета, мажена е за Малтежанец и работи во туристичкиот сектор.

Во изјава за Денар.мк, таа споделува:

„Долго време се борев со чувството дека не можам да напредувам во Македонија. Имав добра работа, но платата беше недоволна за пристоен живот. Во исто време, политичката ситуација и корупцијата ме демотивираа. Кога добив понуда за работа на Малта, не размислував двапати. Сега имам стабилен живот и можности кои дома ми беа недостижни. Иако секогаш ќе ја сакам Македонија, не гледам перспектива да се вратам“.

Има ли надеж за враќање?

Перспективите за враќање на младите мигранти се тесно поврзани со системските промени во Македонија.

Експертите истакнуваат дека само со креирање стабилна економија, транспарентни институции и можности за личен развој може да се намали миграцијата.

Дополнително, развивањето стратегии за „повратна миграција“ – како поддршка за отворање на бизниси и градење кариери – би можело да ги мотивира младите да се вратат и да придонесат за развојот на државата.

Додека младите како Јелена го наоѓаат својот дом далеку од татковината, Македонија се соочува со предизвикот да ги задржи своите таленти.

Дали ќе успее да создаде услови за нивна иднина тука, останува прашање кое бара итни одговори.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде