Vrabotuvanje.com - Над 10.000 ученици во Грција се суспендирани поради употреба на мобилен за време на настава
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Над 10.000 ученици во Грција се суспендирани поради употреба на мобилен за време на настава

Над 10.000 ученици во Грција се суспендирани поради употреба на мобилен за време на настава

Во Грција, од почетокот на учебната година во септември до денеска, поради кршење на забраната за користење мобилни телефони во училиштаа за време на наставата се суспенидрани вкупно 10.700 ученици, соопшти денеска грчкиот министер за образование.

Регулативата која на учениците им забранува користење на мобилни телефони за време на наставата е воведен на почетокот на годината со цел да се намали нарушувањето на наставниот процес, пренесува Катимерини.
 
Со ргулативата е предвидена еднодневна суспензија од настава за учениците кои ќе ја прекршат забраната, а оние кои ќе ја прекршат повеќекратно би можеле да бидат отстранети од настава на подолг период.
 
Ваквите мерки се надоврзуваат на претходно усвоените регулативи против сајбер злоупотреба според која учениците можат да бидат отстранети од училиште ако ги снимаат своите соученици и тие снимки ги постават на Интернет со намера да ги исмеваат или навредуваат, потсетува Катимерини, пренесува Танјуг.
 
Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде