Vrabotuvanje.com - Викендов повторно отворање на катедралата Нотр Дам – церемонијата ќе ја обезбедуваат 6.000 полицајци
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Викендов повторно отворање на катедралата Нотр Дам – церемонијата ќе ја обезбедуваат 6.000 полицајци

Викендов повторно отворање на катедралата Нотр Дам – церемонијата ќе ја обезбедуваат 6.000 полицајци

Шест илјади полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за обезбедување на церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам во Париз, соопштија властите на француската престолнина, пренесува Данас.

На церемонијата ќе присуствуваат 50 шефови на држави и влади.

Префектот на париската полиција Лоран Нуњез на прес-конференција рече дека во сабота и недела ќе бидат мобилизирани 6.000 луѓе, односно полицајци и жандарми, како и на свеченото отворање на Олимписките игри на крајот на јули.

На почетокот на ноември, ѕвоната на катедралата одекнаа за прв пат по пожарот во 2019 година кој направи сериозна штета. Враќањето на ѕвоната е дополнителна етапа во заживувањето на една од најголемите катедрали на Римокатоличката црква, регистрирана како светско наследство на УНЕСКО и еден од најпосетуваните споменици во Европа.

Извор: radiomof.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде