Vrabotuvanje.com - Македонските плати заостануваат во однос на тие во регионот
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Македонските плати заостануваат во однос на тие во регионот

Македонските плати заостануваат во однос на тие во регионот

Граѓаните се разочарани од фактот дека македонската минимална и просечна плата се најниски на просторот на поранешна Југославија.  И Босна ја зголеми минималната плата на 600 евра, а кај нас е неизвесно дали идната година ќе имаме минималец од 450 евра. Во август годинава е договорено дека од 2025 година, српските работници ќе примаат минималец од 457 евра. Во Црна Гора минималецот е 600, односно 800 евра, зависно од тоа дали работникот е со средно или високо образование. Со Хрватска и Словенија одамна не можеме да се споредуваме, тие се далеку подобри од наведените земји од поранешна Југославија. Граѓаните чувствуваат дека економски заостануваме и бараат час поскоро платите да се зголемат.

Граѓаните велат дека треба да се има предвид дека во Босна имаше страотна граѓанска војна, која направи големи штети на земјата, но платите говорат дека тие побрзо напредуваат од нас.

Младите се иселуваат, а Македонија пак ќе мора да „увезува“ работна сила од други држави. Инаку, Државниот завод за статистика(ДЗС) објави дека во третиот квартал годинава во државава имало 10.010 слободни работни места, а најголем број односно 1.950 се во услужните дејности и продажба.

„Во секој случај останува негативниот впечаток дека на Балканот назадуваме многу и дека сите нè поминаа. Тоа е од несоодветната политика на државата и поставувањето на лимити и за развој на бизнисите и на економијата. Реално Македонија остана без работна сила, емиграцијата која почна од 2011 година си го зеде данокот и популацијата која ја таргетираме е преполовена, поради проблеми со намалениот наталитет и делумно и тоа што сепак заминувањето од Македонија остана како негативен фактор, само заради бегање од реалноста.  Младите не се многу мотивирани за работа, го бараат полесниот метод. Мислам дека ќе биде тешко. И да сакаме да направиме промени, немаме капацитет во државата. Политиката на размислување треба да се промени. Оваа државата нема да може без „увоз“ на работна сила“, објаснува Зоран Кочоски од Коузон Корпорација.

Просечната плата во Србија годинава беше нешто над 850 евра и се приближува кон износот од 900 евра, просечната плата во Црна Гора во октомври изнесувала 944 евра, додека во Босна и Херцеговина(БиХ) просечната плата e 713 евра, а во Хрватска е 1.322 евра. Во Словенија просечната бруто плата годинава беше над 2.300 евра. Во земјава просечната плата во септември изнесуваше 41.585 денари, односно околу 690 евра.

Целата вест прочитајте ја на: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде