Vrabotuvanje.com - Ако се пензионираме на 67, Македонците ќе бидат најстари работници: Каква е ситуацијата во регионот?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Ако се пензионираме на 67, Македонците ќе бидат најстари работници: Каква е ситуацијата во регионот?

Ако се пензионираме на 67, Македонците ќе бидат најстари работници: Каква е ситуацијата во регионот?

Предлогот на фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање ја разбранува јавноста, која и онака негодуваше за досегашната старосна граница. Според нивнот нов предлог, македонските граѓани, од 2026 година, би требало да се пензионираат на 67 години и за мажи и за жени. 

Во моментов, осигуреникот во Македонија има право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години ако е маж, или 62 години ако е жена и има најмалку 15 години стаж. Деновиве, темата за старосната граница е фискалниот совет предложи од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години за мажи и за жени.

Колкава е старосната граница за пензионирање во регионот?

Во Србија правото на старосна пензија можат да го остварат мажите на 65 години, а жените на 63 години и шест месеци, со планирано постепено зголемување на 65 години до 2032 година. За да се пензионираат им требаат минимум 15 години стаж.

Во Хрватска старосната граница за пензионирање и за мажите и за жените е иста како и во Србија. Мажите одат во пензија на 65 години и минимум 15 години стаж, а жените на 63 години и шест месеци. 

Во Словенија старосната граница за пензионирање е иста за мажите и за жените. Општи услови за пензија се: 60 години старост и 40 години пензиски стаж или 65 години старост и 15 години стаж на осигурување.

Во Федерацијата БиХ услов за пензионирање е 65-годишна возраст и најмалку 15 години стаж. Во старосна пензија можеш да одиш со 40 години стаж, без разлика на возраста. Овие услови важат и за мажите и за жените.

Мажите во Црна Гора стекнуваат право на старосна пензија на возраст од 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување, додека жените се пензионираат под малку поповолни услови. Моментално, за да заминат во пензија им требаат минимум 62 години и девет месеци живот.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде