Vrabotuvanje.com - Во мобилната телефонија 1.919.695 претплатници, 449.868 фиксни линии
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во мобилната телефонија 1.919.695 претплатници, 449.868 фиксни линии

Бројот на активни претплатници во мобилната телефонија во државава заклучно со вториот квартал годинава изнесува 1.919.695, од кои од резиденцијалните 679.245 се при-пеид претплатници, а 992.157 пост-пеид. Бројот на деловни пост-пеид претплатници изнесува 248.293. Реализирани се 1.409.062.356 минути разговор.

Во мобилната телефонија 1.919.695 претплатници, 449.868 фиксни линии

Податоците од Извештајот на Агенцијата за електронски комуникаци покажуваат дека со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) во вториот квартал годинава биле 1.549.967 претплатници.

Во вкупниот број претплатици, А1 Македонија има удел од 47,9 проценти, Македонски Телеком 46,57 проценти, Лајкамобајл 3,05 проценти, Телекабел 1,29 проценти МТЕЛ 1,08 проценти, Греен мобиле 0,11 проценти.

Во приходите од обезбедување на мобилни комуникациски услуги (малопродажно ниво) во вториот квартал од 2024 година Македонски Телеком има удел од 49,96 проценти, А1 Македонија, 46,93 проценти, МТЕЛ 1,39 проценти, Телекабел, 0,88 проценти, Лајкамобајл, 0,71 прценти, Греен мобиле 0,13 проценти.

Вкупниот број на фиксни линии изнесува 449.868, а остварени се 16.943.729 минути телефонски сообраќај.

Извор: novamakedonija.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде