Vrabotuvanje.com - Се чисти, но некои локации во Скопје постојано се полни со смет - Дали има решение за некултурата на жителите?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Се чисти, но некои локации во Скопје постојано се полни со смет - Дали има решение за некултурата на жителите?

Скопје се чисти постојано, а сепак е полно со смет! Вака реагираат скопјани на вестите дека надлежните постојано расчитуваат депонии, но очигледно ниската свест кај жителите е на мизерно ниво.

Се чисти, но некои локации во Скопје постојано се полни со смет - Дали има решение за некултурата на жителите?

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Центар и Чаир, информираа надлежните денеска. 

Интервенирано е во непосредната околина на Градскиот стадион, каде што се отстранети 10 кубни метри кабаст и отпад од пет-амбалажа одложени на јавни површини. Во општината Центар се расчистени и приближно 10 кубни метри непрописно одложен мешан комунален отпад од улицата Тодор Александров – на потегот што води кон Средно Водно, како и 15 кубни метри градежен отпад одложен на тревна површина на булеварот Гоце Делчев, пред зградата на МРТВ.

Во општината Чаир, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа приближно 15 кубни метри непрописно одложен градежен и кабаст отпад на булеварот Крсте Мисирков, како и на улицата Ферид Мурат. 

Се чистеше и во скопски Центар. 

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде