Vrabotuvanje.com - ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

Светските цени на храната пaк се зголемија и сега се највисоки во последните 19 месеци. 

Светските цени на храната поскапеа четврти месец по ред во ноември и сега се највисоки од април 2023 година, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Вредноста на светскиот индекс на цените на храната (FFPI) за ноември изнесува 127,5 поени, што претставува зголемување од 0,5 отсто во однос на октомвриските 126,9 поени, соопшти ФАО.

Индексот на цените на растителното масло се зголеми за дури 7,5 отсто месечно на 164,1 поен и сега е највисок од јули 2022 година. Меѓународните цени на палминото масло пораснаа шести последователен месец. Просечната вредност на индексот на цените на млечните производи се зголеми за 0,6 отсто месечно на 139,9 поени, особено како резултат на поскапувањето на млекото во прав, путерот и сирењето, пренесува Танјуг.

Вредноста на месечниот индекс на цените на месото се намали за 0,8 отсто на 118,1 поен, како резултат на падот на цените на свинското месо и живината, како и на вредноста на индексот на цените на шеќерот, за 2,4 отсто на 126,4 поени поради подобрените изгледите за жетва во Бразил.

Во ноември, индексот на цените на житарките во просек изнесуваше 111,4 поени, што е за 2,7 отсто помалку во однос на октомври. Глобалните цени на житарките се намалуваа од месец во месец поради зголемените залихи од тековната жетва на јужната хемисфера и подобрените услови за жетвата во 2025 година во некои големи земји извознички на северната хемисфера, се додава на веб-страницата на ФАО.
 
Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде