Vrabotuvanje.com - Во Македонија интересот за купување пелети за греење повторно расте
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Во Македонија интересот за купување пелети за греење повторно расте

Во Македонија интересот за купување пелети за греење повторно расте

Предупредувањата за поскапување на струјата и стабилизирање на пазарот на пелети го зголемија интересот на граѓаните да ја изберат оваа алтернатива за зимската сезона. 

Ова го вели претседателот на Здружението на увозници на пелети, Владимир Стојановски, кој подвлекува дека најголемиот дел од граѓаните кои претходно ја ставија во мирување грејната опрема за пелети, сега повторно ја активирале поради пристапната цена.

„Предупредувањата за поскапување, сепак, влијаат луѓето да бараат алтернативи за греење, но уште поважно за оние кои се греат на пелети, е тоа што во моментов имаме сериозно стабилизирање на цената во последните 9 месеци и не очекувам нарушување во наредниот период“, изјави Стојановски.

Сепак, голем број граѓани продолжуваат да користат инвертери за греење. Од ЕВН велат дека потрошувачите се повеќе користат енергетски ефикасни уреди, поточно уреди за ниска просечна потрошувачка. Оттаму се грижат да го има потребниот капацитет на електрична енергија во склад со побарувачката и планот за сезонска потрошувачка.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде