Vrabotuvanje.com - Студентите остануваат без бесплатен превоз од 1 јануари
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Студентите остануваат без бесплатен превоз од 1 јануари

ЈСП „Скопје“ не ги продолжува годишните картички за бесплатен превоз на студентите за 2025 година, што предизвика реакции од Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ.

Студентите остануваат без бесплатен превоз од 1 јануари

Најавата за укинување на бесплатниот превоз доаѓа во момент кога, според МОН, во буџетот за 2025 година се предвидени средства за транспорт на студентите.

Од Слободен Печат пак, велат дека на билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не можат да се продолжат студентските годишни карти за наредната година. 

Студентите остануваат во неизвесност и бараат институциите да дејствуваат без одлагање за да не ја изгубат една од клучните мерки за поддршка на студентскиот стандард.

Извор: racin.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде