Vrabotuvanje.com - Извршена е детална анализа на чоколадото „Дубаи“ и луѓето се згрозени од тоа што е пронајдено во него
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Извршена е детална анализа на чоколадото „Дубаи“ и луѓето се згрозени од тоа што е пронајдено во него

Извршена е детална анализа на чоколадото „Дубаи“ и луѓето се згрозени од тоа што е пронајдено во него

Примероци од таканареченото „Дубаи“ чоколадо увезени во Германија содржеле бројни опасни материи, соопштило Министерството за заштита на потрошувачите во сојузната покраина Баден-Виртемберг.

„Од случај на измама до штетност по здравјето, во првите тестирани примероци од чоколадото Дубаи увезени во Германија, беше пронајдено сè и сешто“, изјавил министерот Питер Хаук.

Во сите осум примерока што ги анализирала покраинската Агенција за хемиски и ветеринарски истражувања биле откриени контаминации, алергени, вештачки бои и маснотии кои не се какао-путер, единствената дозволена маст во чоколадо.

„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за општ тренд, но резултатите се загрижувачки и нè поттикнаа да спроведеме понатамошни испитувања“, рекол Хаук.

Тестираните производи биле увезени од Обединетите Арапски Емирати и Турција. Некои чоколади содржеле сусам, кој не бил означен на амбалажата, додека другите имале палмово масло, кое исто така не било декларирано.

Анализите покажале дека чоколадото од Обединетите Арапски Емирати е толку контаминирано при производството што не е погодно за човечка исхрана. Покрај тоа, во сите примероци била пронајдена голема количина на вештачки бои, кои создаваат лажен впечаток за поголема содржина на квалитетни состојки, како на пример крем од ф’стаци. Дубаи-чоколадото последниве месеци стана многу популарно во Германија, особено на божиќните базари.

Извор: ubavinaizdravje.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде