Vrabotuvanje.com - Загадувањето во Скопје ќе се намалува со изнајмување електрични возила
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Загадувањето во Скопје ќе се намалува со изнајмување електрични возила

Загадувањето во Скопје ќе се намалува со изнајмување електрични возила

Скопје ќе добие проект за споделување и изнајмување електрични возила, со кој се очекува да се намали аерозагадувањето. Договор е постигнат со словенечката компанија „Авант Кар“, која ќе го реализира првиот систем за 100% електричен кар-шеринг во градот.

Проектот има за цел да обезбеди еколошки, економичен и модерен начин на транспорт, кој ќе го намали сообраќајниот метеж, загадувањето и зависноста од фосилни горива. Ова е чекор напред кон создавање на одржлив и зелен град.

Системот „Avant2Go“, кој веќе успешно функционира во Словенија, Хрватска и Австрија, ќе придонесе за директно намалување на емисиите на CO2. Реализацијата ќе започне со обезбедување јавни и приватни паркинг простори, како и поставување инфраструктура за полнење електрични возила во повеќе општини во Скопје.

Извор: inovativnost.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде