Vrabotuvanje.com - Какво ќе биде времето за новогодишната ноќ?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Какво ќе биде времето за новогодишната ноќ?

Какво ќе биде времето за новогодишната ноќ?

Според прогнозата од УХМР, новогодишните празници ќе ги дочекате со стабилно време и пријатни дневни температури, додека утрата ќе бидат студени со услови за појава на магла во одделни котлини.

На 31 декември минималните температури ќе се движат од -7°C до 1°C, додека максималните ќе бидат од 3°C до 10°C.
Денот ќе биде сончев со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Првиот ден од новата година ќе започне студено, со минимални температури од -7°C до 0°C. Максималните дневни температури ќе достигнат од 5°C до 13°C.
Преку денот ќе биде претежно сончево и тивко со мала локална облачност.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, поради што снежната покривка на планините постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде