Во ноември минатата година сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната изнесуваше 6,3 отсто, што е еднакво на бројката од октомври, објави Евростат.
Тоа е мало намалување на годишно ниво од 6,5 проценти во ноември 2023 година. Во целата Европска унија (ЕУ), стапката на невработеност во ноември минатата година беше 5,9 отсто, исто така на ниво од претходниот месец и нешто пониска во однос на 6,1 отсто од истиот месец во 2023 година.
Според проценките на Евростат, во ноември 2024 година во ЕУ имало 12.968 милиони невработени, од кои 10.819 милиони во еврозоната.
На годишно ниво, бројот на невработени во ЕУ е намален за 295 илјади лица, а во еврозоната за 333 илјади.
Евростат наведува дека Хрватска имала сезонски прилагодена стапка на невработеност од 4,5 отсто во ноември 2024 година, а една година претходно била 5,7 отсто.
Тоа се 80 илјади наспроти 99 илјади невработени 12 месеци претходно.
Само пет земји од еврозоната имале пониска стапка на невработеност од Хрватска. Инаку, во ЕУ најниска стапка на невработеност има во Чешка, само 2,8 отсто, а највисока во Шпанија со 11,2 отсто. Стапката на невработеност на младите помлади од 25 години е 15,3 отсто во ЕУ и 15 отсто во еврозоната.
Извор: biznisinfo.mk