Vrabotuvanje.com - 1 вештина која ќе биде најбарана во 2019 година
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

1 вештина која ќе биде најбарана во 2019 година

Секоја година, деловниот свет е одбележан со нова идеја која им помага на работобарателите да увидат кои клучни вештини ќе бидат посакувани во следната година.

1 вештина која ќе биде најбарана во 2019 година

Понекогаш е тешко да се предвиди какви вештини работодавците ќе бараат во иднина и кои професии ќе бидат на удар на технолошкиот развој, но сепак, за да останат конкурентни, сите кандидати ќе треба постојано да учат нови вештини.

Анализирајќи илјадници огласи, Linkedin објави кои вештини компаниите ќе ги бараат во 2019 година, а на листата можеа да се забележат меки, но и технички вештини.

Сепак, една мека вештина се‘ очекува да биде најбарана и да ја одбележи 2019 година, а тоа е креативноста. Интересно, но ова е исто така прв пат креативноста како вештина да се најде на една ваква листа.

Експертите велат дека од работодавачите е природно да се очекува да ја ценат важноста и разбирањето на модерните технологии, меѓутоа тие ќе стават поголем нагласок на оние вештини кои технологијата не може да ги понуди.

Пред се, такви се: способноста за поврзување со други луѓе, размислување надвор од кутијата, ангажираноста и брзото прилагодување на вработените на нови предизвици и приоритети.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде