Vrabotuvanje.com - AirBnb ви плаќа тримесечен одмор во Италија
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

AirBnb ви плаќа тримесечен одмор во Италија

​Обвинет за исцрпување на животот од живописните градови преку поттикнување на поплава од туристи, AirBnb се обидува да направи измени преку нов проект во јужниот дел на Италија.

AirBnb ви плаќа тримесечен одмор во Италија

Најпознатата платформа за сместување сака да ангажира четири лица да се преселат во селото Гротоле во регионот на Базиликата за тримесечен одмор.

Од нив ќе се очекува да станат дел од заедницата и да помогнат да заживее животот во селото, бидејќи како и многу други места во Италија, особено на југот, Гротоле страда од хронична депопулација. Официјалните податоци покажуваат дека во селото има 300 жители и 600 куќи кои стојат празни.

На кандидатите кои ќе бидат избрани ќе им бидат покриени патните трошоци до и од Гротоле и ќе добијат AirBnb купон за сместување од страна на компанијата. Еден од апартманите каде кандидатите ќе бидат сместени може да го видите тука, но четворицата избрани кандидати нема да бидат сместени на исто место.

Дополнително, тие ќе треба да соработуваат со напрофитната организација Wonder Grottole за да внесат нова енергија во заедницата, да го научат јазикот, да готват и да им помагаат на жителите во земјоделските работи.

 

Што е потребно за да се пријавите?

  • Мора да имате над 18 години.
  • Мора да се преселите во Гротоле на три месеци, во периодот од јуни до август 2019 година.
  • Мора добро да го познавате англискиот јазик и да бидете отворени за учење на нов јазик. Познавањето на италијанскиот јазик е предност.

Ако овие критериуми се нешто што не ви претставува проблем, тогаш можете да се пријавите на следниот линк.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде