Vrabotuvanje.com - Откриен начин како да сварите совршено варено јајце - требаат дури 32 минути
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Откриен начин како да сварите совршено варено јајце - требаат дури 32 минути

Експертите утврдија како треба да варите јајца за да бидат апсолутно совршени. Но, треба да се потрудите бидејќи подготовката трае дури 32 минути.

Откриен начин како да сварите совршено варено јајце - требаат дури 32 минути

Бидејќи жолчката треба да се свари на пониска температура од белката, тешко е да се подготви правилно. Совршено сварено јајце има кремаста жолчка со мека белка која сè уште не е премногу течна, според New York Times.

Експертите свариле повеќе од 300 јајца и откриле дека наизменичното варење е најдобриот начин на подготовка. Резултатите беа објавени во стручното списание Communications Engineering.

Истурете вода во тенџере, почекајте да зоврие и варете го јајцето 2 минути. Потоа префрлете го во друго тенџере наполнето со ладна вода. Почекајте 2 минути.

Вратете го во тенџере со зовриена вода 2 минути, а потоа повторно во ладна вода, исто така 2 минути. Повторете го овој чекор уште 6 пати. По 32 минути, вареното јајце конечно е подготвено за јадење.

Извор: kajgana.com

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде