Vrabotuvanje.com - Визер ја укинува линијата Скопје – Будимпешта
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Визер ја укинува линијата Скопје – Будимпешта

„Визер“ ја укинува авиолинијата Скопје-Будимпешта од 9 март 2025 година, a ова е седмата линија што компанијата ја повлекува во последнава година. Од јануари 2025, „Визер“ веќе престана да лета за Салцбург и Бремен, а ги укина и летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста.

Визер ја укинува линијата Скопје – Будимпешта

Иако компанијата не соопшти зошто ја укинува оваа линија, не е познато ни дали ќе биде вратена со зимскиот ред на летање.

Во 2023 година, „Визер“ доби субвенции за летови до Љубљана, Салцбург, Луксембург и Штутгарт, но само линијата Скопје–Љубљана остана активна. На новиот владин оглас за субвенции, компанијата доби поддршка за Лион, Барселона и Штутгарт, со обврска да ги одржува три години.

Извор: telma.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде