Vrabotuvanje.com - Италија има најстаро население во Европа, просечната возраст е 48,7 години
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Италија има најстаро население во Европа, просечната возраст е 48,7 години

Италија има најстаро население во Европа, а просечната возраст во земјата е 48,7 години, соопшти денеска Евростат.

Италија има најстаро население во Европа, просечната возраст е 48,7 години

Во соопштението се наведува дека ова е за четири години повеќе од просечната возраст во Италија во периодот од 2014 до 2024 година.

Се истакнува дека просечната возраст на населението во ЕУ е 44,7 години, што е за 2,2 години повеќе од 2014 година, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Евростат наведува дека Ирска има најмлада популација во Европа, со просечна возраст од 39,4 години.

Се посочува дека стареење на населението е забележано во сите земји на ЕУ, со исклучок на Малта, каде просечната возраст на населението е намалена за 0,7 години и Германија, каде што е намалена за 0,1 година.

Стареењето на населението е поизразено во Грција, Италија, Португалија и Словачка со просечен пораст од четири години, додека просечната возраст во Кипар, Шпанија и Полска е зголемена за 3,8 години, објави Евростат.

Извор: biznisvesti.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде