Vrabotuvanje.com - Македонија меѓу десете европски земји најчеста цел на сајбер напади
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Македонија меѓу десете европски земји најчеста цел на сајбер напади

Во последниве години, има зголемување на сајбер нападите ширум светот, а некои земји се особено ранливи на сајбер криминалци поддржани од други земји. Од друга страна, вештачката интелигенција им овозможи на сајбер-криминалците да вршат уште пософистицирани напади и потешки за откривање, кои ги загрозуваат не само обичните граѓани, туку и цели компании и организации.

Македонија меѓу десете европски земји најчеста цел на сајбер напади

Според податоците на компанијата за сајбер безбедност во облак Kloudle, кои ги објави Euronews, некои земји во Европа се изложени на значително поголем ризик од другите. Нивното истражување покажа дека Босна и Херцеговина, Србија и Албанија се најранливи – барем кога станува збор за сајбер безбедност во облак.

Според нивните податоци, токму во овие земји се забележани најчести прекршувања на сајбер безбедноста во последните дваесет години. Потоа следуваат Обединетото Кралство, Ирска, Холандија, Латвија, Македонија, Италија и Полска.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде