Франција е земја со прекрасни градови, села и пејзажи, погодна за секој вид туристи, но наскоро би можела да ја загуби својата водечка позиција меѓу најпосетуваните држави во светот.

Нејзиниот сосед, Шпанија, би можела да се најде на првото место, според истражувањето на Google и Deloitte.
Истражувачите предвидуваат дека до 2040 година, Шпанија ќе прими 110 милиони туристи, додека Франција ќе има околу 105 милиони.
Ова би претставувало раст од 24% за Шпанија. Само во 2024 година, земјата ја посетиле 94 милиони луѓе, што е рекорден број на странски туристи. Во 2023 година, Шпанија ја посетиле 83,5 милиони туристи.
Во март 2024 година, земјата ја посетиле повеќе од 6 милиони патници, што е зголемување од 21% во споредба со истиот месец претходната година.
Барселона останува ненадмината – таа е најпосетуваниот град во оваа медитеранска држава. Минатата година, таму престојувале 15,5 милиони странски посетители.
Меѓу другите популарни градови се главниот град Мадрид, Севиља, Сан Себастијан и Гранада.
Освен тоа, Балеарските и Канарските Острови стануваат сè попопуларни во последните години.
Приходот од странските посетители достигнал 126 милијарди евра минатата година, што е зголемување од 16% во однос на 108,7 милијарди евра во 2023 година.
Туризмот сочинува 12,3% од бруто домашниот производ, а Шпанија е една од најпопуларните дестинации за летување. Дополнително, 32% од туристите покажуваат посебен интерес за културните знаменитости.
Извор: eupravozato.mondo.rs