Vrabotuvanje.com - 10 Годишен јубилеј на вработените во КС Групација
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

10 Годишен јубилеј на вработените во КС Групација

КС Групација во чиј состав влегуваат општествено одговорните компании Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт им додели плакети и награди на своите вработени во дирекцијата кои се дел од групациското семејство цели 10 години.

10 Годишен јубилеј на вработените во КС Групација

Поделените признанија за нивниот работен јубилеј претставуваат знак на благодарност за нивниот труд и лојалност. 

Нивната посветеност, лојалност и професионализам се вредности кои го прават тимот на КС Групација посилен и поуспешен. Ниту една компанија не би била тоа што е, без своите вработени.

Наградените вработени Иванчо Митровски, Александар Анастасовски, Ивона Шурбевска, Марина Николовска, Борче Стојановски и Милое Божиноски, несебично се вложија кон раст и развој на групацијата и паралелно растеа и тие со неа.

КС Групација им заблагодарува за нивниот придонес и им посакува уште многу години на соработка и заеднички раст.

 

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде