Vrabotuvanje.com - Стани дел од тимот на Пост Експрес - Бараме МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Стани дел од тимот на Пост Експрес - Бараме МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

Важно е по кого праќате, одберете ги најдобрите!

Стани дел од тимот на Пост Експрес - Бараме МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

Пост Експрес  е една од водечките компании за брзи пратки која во секое време ќе ви обезбеди брза, едноставна и навремена достава на секаков вид на пратки низ цела територија на Македонија.

Патот на вашите пратки и нивната навремена, точна и безбедна достава се обезбедени од тим од 80 професионалци!

35 доставувачи кои најбрзо можат да стигнат во било која точка од  Македонија, 5 магационерски работници кои постојано се грижат за вашите пратки, возен парк чии возила може да ги видите насекаде низ земјава, 2 девојки во call центар кои секогаш љубезно ќе ве услужат и ќе го проследат вашето барање до своите колеги.

Но, тука не завршува патот на вашите пратки. Пост Експрес има уште 3 девојки кои го контролираат квалитетот на услугата, 2 девојки во дата - центар, 3 девојки во архива и благајна и ИТ сектор кој беспрекорно си ја врши својата работа.

Пост Експрес има и HR сектор кој е составен од правен асистент и психолог, кој е секогаш тука за вработените и работи за нивното задоволство, продуктивност и мотивација.

Целиот овој тим совршено функционира, со една и единствена цел, брза достава и задоволни клиенти! Но, поради зголемен обем на работа, имаат потреба од уште еден член, за работа на позицијата:

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА НА ПОШТЕНСКИ УСЛУГИ НА ТЕРИТОРИЈА НА Р.МАКЕДОНИЈА
(линк за повеќе детали и аплицирање)

 

Дознајте повеќе од Ана за тоа како е да се биде дел од тимот Продажба во Пост Експрес на ЛИНКОТ

Пост Експрес се грижи за почисто Скопје!

Би можело да ве интересира: HR СЕКТОРОТ НА ПОСТ ЕКСПРЕС ОТКРИВА КАКО ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД КОМПАНИЈАТА


ПОСТ ЕКСПРЕС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

Следи ја компанијата

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде