Vrabotuvanje.com - Компанија за пример: “Бараме вработени и подаруваме станови - плата по договор“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Компанија за пример: “Бараме вработени и подаруваме станови - плата по договор“

За добриот работник не постои превисока цена! Компанијата Боксит од БиХ објави оглас за вработување поголем број на високообразовни технички кадри и на новите вработени им нуди станови кои се целосно опремени и бесплатни.

Компанија за пример: “Бараме вработени и подаруваме станови - плата по договор“

Пожелно е работно искуство од областа на производството и развојот, а за новите работници се обезбедени бесплатни станови, стои во огласот.

Она што е доста необично во денешно време е тоа што вработените не само што имаат можност да живеат во тие станови, туку и да станат сопственици.

Вработените кои со својата професионална работа ќе се докажат во следните пет до десет години, ќе добијат сопствеништво над становите, велат од компанијата.

Инаку големината на станот зависи од семејниот статус.

Огласот е отворен 30 дена, а платите се “по договор“.

Компанијата Боксит е еден од најголемите деловни конгломерати во БиХ, а се работи во различни дејности, како што се рударство, сообраќај, градежништво, инженерство и електроодржување, туризам и угостителство, комерцијално-производствени работи, производство на храна, преработка на дрво итн.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде