Vrabotuvanje.com - 1 фактор поради кој вработените не сакаат да бидат унапредени
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

1 фактор поради кој вработените не сакаат да бидат унапредени

Секој втор од пет вработени одбива да добие унапредување на работа во замена за поголем спектар на работни задачи.

1 фактор поради кој вработените не сакаат да бидат унапредени

Тоа го покажа годишниот извештај на консултантската компанија O.C.Tanner која се занимава со развој и мотивирање на вработените.

Имено, компанијата анкетираше повеќе од 14.000 вработени во 12 различни земји и резултатите покажаа дека вработените во своите компании би прифатиле можност да работат на различни проекти.

Всушност, станува збор за една нова генерација на вработени. Така, 52% од припадниците на т.н. генерација Z (генерациите родени во периодот од средината на 90-тите години до средината на 2000-тите години) и 45% од милениумците кои учествувале во истражувањето се изјасниле дека им е поважно да добијат можност да работат на повеќе различни проекти, отколку да добијат унапредување.

Дополнително, истражувањето покажа дека давајќи им можност на вработените да учествуваат на различни проекти, дури 50% од нив се чувствуваат како да учат нешто ново и корисно.

Во 26% од случаите вработените се чувствуваат ценети и успешни, а во исто време имаат став дека нивниот работодавач верува во нив.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде