Vrabotuvanje.com - Бизарно: За да поделат 1118 откази мора да вработат 30 лица
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бизарно: За да поделат 1118 откази мора да вработат 30 лица

Повеќе од илјада вработени на компанијата Уљаник која оди во стечај ќе добијат отказ во писмена форма, но не пред да се ангажираат нови луѓе кои треба да ги врачат отказните решенија.

Бизарно: За да поделат 1118 откази мора да вработат 30 лица

Како што пренесува порталот N1, Стопанскиот суд во Пазин (Хрватска) одлучил да отвори стечајна постапка на бродоградилиштето Уљаник во следните три дена, а сите 1118 работници, колку што останале, да бидат отпуштени со отказни решенија кои треба да бидат доставени до петок или следниот понеделник.

Меѓутоа, за да бидат отпуштени повеќе од илјада работници, бродоградилиштето треба да ангажира 30 лица кои ќе треба да им ги врачат отказите на вработените. Имено, бизнис информациските системи на Уљаник се во стечај, а вработените во тој сектор беа отпуштени – сега ќе треба да се регрутира нивна замена за да им ги предаде отказите на останатите вработени.

Инаку, судијата на Стопанскиот суд во Пазин, Иван Дујиќ, прогласи стечај на бродоградилиштето бидејќи сметката на Уљаник била блокирана 231 ден, а долгот изнесувал вкупно 164 милиони куни (22,31 милиони евра).

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде