Vrabotuvanje.com - РАБОТА ВО ХОЛАНДИЈА: За кандидати со ССС, до 45 годишна возраст
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

РАБОТА ВО ХОЛАНДИЈА: За кандидати со ССС, до 45 годишна возраст

РАБОТА ВО ХОЛАНДИЈА: За кандидати со ССС, до 45 годишна возраст

TSD Groep е агенција за запослување на исклучиво технички лица, која има дваесет годишно искуство и експертиза во техничкиот сектор. 

Располагаме со реномирана долгогодишна задоволна клиентела која успешно ја опслужуваме со квалитетен персонал и опрема. 
Поради дефицит на технички лица на холандскиот пазар и енермното зголемување на побарувачката на солиден/квалитетен технички персонал, бараме способни стручни лица од Македонија, кои се спремни нивната кариера да ја градат во Холандија. Потребен е: 
 
Заварувач за сертифицирана работа
 
Опис на работата:
  • Се работи од технички цртеж, сносите одговорност во целиот процес на составување и спојување на металните делови
  • Сомостојно вршите собирање и составување на сите делови (плочи, цевки, профили и други делови на челичната конструкција) врз основа на технички цртеж
  • Потребно е да сте во состојба сите делови делумно да ги заварите за да се добие бараната конструкција, која потоа дефинитивно ке треба да се завари
  • Се очекува да предлагате ефикасни решенија во одредени ситуации, базирано на вашето искуство и знаење. Ова проактивно учество во работата посебно ќе се цени
Потребни квалификации:
  • Средна стручна спрема
  • Минимум 3 (три) години работно искуство како заварувач
  • Со чувство за прецизно работење, кој располагаат со сертификат за заварување на RVS ( незараѓувачки челик) ниво 3 или 4
  • Неопходно е познавање на техничко обележување, читање и изведба на технички цртежи и искуство so работа со големини, познавања на толеранции, заварувачки напони и заварувачки секвенци
  • Основно познавање на англиски јазик или германски јазик
  • Да поседува бугарски пасош
  • Пол машки, максимална возраст до 45 години
  • Возачка дозвола Б – категорија
Ние нудиме:
  • Почетна плата од € 8 до € 13 бруто за час, зависно од возраста и искуството, плус службено возило и гориво, стручна опрема и алат, почетната плата при успешно функционирање ќе се зголеми во сооднос со тарифите кај клиентот, после период од 6 месеци. Ако работната година биде профитна, следува бонус за секој вработен кој варира од 5-10% од годишната плата
  • Работнот време е 8 часа дневно, државни празници како и сабота и недела не се работи. Работата се извршува на локации во Холандија, Белгија и понекогаш Луксмебург, има шанси за прекувремена работа, во тој случај првите 2 часа се плаќаат 25% дополнително (екстра), а наредните 50% дополнително (екстра)
  • При работа во недела или празник, се плаќа 100% дополнително (екстра), значи дупло се плаќа
  • При работа на подалечни локации, првите два часа од патувањето не се плаќаат, другите се плаќаат 70% од вредноста на нормален работен час
  • Кандидатот треба да биде спремен да престојува и работи во Холандија, во периоди од 6 (шест) недели до година дена. Максималниот период на престој и работа може да се продолжи на неодредено време, доколку кандидатот се покаже доволно стручен и способен. Значи опцијата за перманенетен престој и работа, постои и зависи индивидуално од кандидатот.


    ЛИНК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде