Vrabotuvanje.com - Можете една недела без смартфон? Освојте 1.000 долари!
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Можете една недела без смартфон? Освојте 1.000 долари!

Можете една недела без смартфон? Освојте 1.000 долари!

Frontier Bundles, интернет провајдер со седиште во Јута, организира т.н. Flip Phone Challenge каде што ќе биде избран еден кандидат кој е подготвен да го замени својот модерен смартфон со најобичен телефон на преклопување во период од една недела.

Од компанијата велат дека со помош на овој предизвик сакаат да откријат како заменувањето на смартфон со старомоден телефон на преклопување влијае на продуктивноста и спиењето. И, се разбира, да направат мал ПР за себе.

Во конкурсот е наведено дека идеалниот кандидат треба да биде “самопрогласен зависник од паметни телефони“, да е технички поткован за нивните спецификации и да е активен на социјалните мрежи или да е подготвен да го сподели своето искуство преку влог.

Што треба да правите за време на Flip Phone Challenge

Ако ве одберат, ќе треба да користите флип телефон на местото на вашиот смартфон во период од седум дена (тоа се 168 часа), а компанијата ќе ги следи вашите активности.

На овој начин, компанијата сака да дознае колку време ќе ви биде потребно да ги изршувате основните активности како испраќање пораки и проверување на електронска пошта, колку пати ќе се обидете да пребарате нешто на Google, како ќе се снајдете без Google Maps, колку часови ќе спиете и дали ќе бидете попродуктивни.

Наградата за победникот на предизвикот изнесува 1.000 долари.

Повеќе за конкурсот може да прочитате на следниот линк.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде