Vrabotuvanje.com - Кои се највредните брендови за 2019 година
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кои се највредните брендови за 2019 година

Apple и Google конечно симнати од тронот – на врвот Амазон со вредност на брендот од 315.505 милиони долари

Кои се највредните брендови за 2019 година

Amazon по цели 11 години успеа да ги симне Apple и Google од врвот на листата на највредни глобални брендови која ја подготвува веб страната BrandZ.

Вредноста на брендот Amazon забележа скок од 52% споредено со минатата година и со тоа си го обезбеди приматот на листата.

Луксузните брендови Louis Vuitton и Channel, исто така, бележат големо искачување, а во топ десет се уште доминираат технолошките компании.

Веб страната BrandZ, којашто прави истражувања на пазарот на глобално нио, за потребите на оваа листа комбинираше финансиски и пазарни податоци за брендовите, заедно со резултати од анкети во коишто беа вклучени четири милиони купувачи од 51 земја во светот .

Еве ја топ 10 листата на брендови за 2019 година:

Amazon

Вредност на брендот: 315.505 милиони долари

Apple

Вредност на брендот: 309.527 милиони долари

Google

Вредност на брендот: 309.000 милиони долари

Мајкрософт

Вредност на брендот: 251.244 милиони долари

Visa

Вредност на брендот: 177.918 милиони долари

Facebook

Вредност на брендот: 158.968 милиони долари

Alibaba

Вредност на брендот: 131.246 милиони долари

Tencent

Вредност на брендот: 130.862 милиони долари

McDonald’s

Вредност на брендот: 130.368 милиони долари

AT&T

Вредност на брендот: 108.375 милиони долари

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде