Vrabotuvanje.com - Како за 5 минути да знаете дека го имате вистинскиот кандидат
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Како за 5 минути да знаете дека го имате вистинскиот кандидат

Ако сакате да го забрзате процесот на вработување, немојте да губите време на кандидати кои не се доволно квалификувани или нема да се вклопат во вашата компанија. Наместо тоа, поставете ги вистинските прашања и внимавајте на следните неколку работи.

Како за 5 минути да знаете дека го имате вистинскиот кандидат

На секоја компанија и се потребни вработени кои се мотивирани, одговорни и лесни за соработка. Но, многу е тешко да ги измерите овие квалитети на интервјуто за работа.

Овие 4 работи ќе ви помогнат уште веднаш да дознаете дали кандидатите ќе се вклопат во вашата компанија:

Прашајте ги да го опишат моментот кога се чувствувале најсреќно на работа

Ова ќе ги открие нивните најсилни страни, како и нивниот примарен интерес. Исто така, ќе ви помогне да одлучите дали нивната идеална работна средина соодветствува со таа што вие како компанија може да ја понудите.

Барајте интегритет, интелигенција и енергичност

Најпознатиот инвеститор на светот, Ворен Бафет, редовно ги возвишува овие три квалитети кои треба да ги поседува идеалниот кандидат, а највисоко на неговата листа се наоѓа интегритетот. За да го процентите интегритетот на кандидатите, поставете им некоја морална дилема и анализирајте го нивниот одговор.

Измерете ја нивната емоционална интелигенција

Дејвид Прајмер, поранешен директор на Salesforce, препорачува да им го поставите на кандидатите следното прашање: “Ако работевте за вашиот најголем конкурент, како би се победиле себеси?“. Кандидатите кои се свесни за своите слабости, многу лесно ќе одговорат на ова прашање.

Внимавајте на знаците

Бидете претпазливи со кандидати кои се неподготвени и сакаат да заобиколуваат. Во исто време, бидете внимателни на говорот на телото кој покажува дали се навистина заинтересирани за работата.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде