Vrabotuvanje.com - Дали ја правите оваа грешка кога јадете цреши?
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Дали ја правите оваа грешка кога јадете цреши?

Не сте ни свесни колку го ризикувате здравјето

Дали ја правите оваа грешка кога јадете цреши?

Црешите се едни од најмоќните овошки благодарение на богатството со антиоксиданти, витамини и минерали и многубројните здравствени бенефити.

Многу луѓе едвај чекаат да дојде сезоната на цреши за да уживаат во нивниот вкус. Но, постои една опасност за која многумина не се свесни додека ги јадат.

Имено, нивните коски содржат цијаногени гликозиди, па доколку ги проголтате може да го доведете вашето здравје до опасност.

Уште многу поопасно од голтањето на коските е нивното грицкање, кое ја ослободува оваа материја, што може да доведе до труење.

Симптомите кои следат труењето се главоболка, вртоглавица, нервоза и повраќање, а може да дојде и до проблеми со дишењето, забрзано работење на срцето, како и висок крвен притисок.

извор: samozdravje.mk

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде