Vrabotuvanje.com - Работете во една од овие 10 компании ако барате работа која навистина ќе ја сакате
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Работете во една од овие 10 компании ако барате работа која навистина ќе ја сакате

Порталот за барање работа Indeed.com ги идентификуваше најатрактивните работодавачи за 2019 година со анализирање на преку 150 милиони коментари од вработени на својата платформа.

Работете во една од овие 10 компании ако барате работа која навистина ќе ја сакате

Живееме во време кога брендот на компанијата како работодавач е еден од најважните фактори од кои зависи дали ќе аплицираме за работа во некоја компанија или не.

Најголем дел од работобарателите пред да аплицираат на одреден оглас, сакаат да дознаат повеќе за самата компанија, искуствата на вработените, коментарите на социјалните мрежи и слично. Едноставно, тоа е несомнен дел од начинот на кој го избираме нашиот иден работодавач.

И тоа е добро. Сега, повеќе од кога и да е, кандидатите очекуваат транспарентност и информации во процесот на барање работа. Доволно за тоа говори податокот дека дури 95 проценти од вработените сметаат дека имиџот на компанијата како работодавач е важен во процесот на одлучување. Ова значи дека компаниите со лош имиџ ќе добиваат се помалку и понеквалитетни апликации се додека не почнат одново да работат на својот бренд.

Порталот за барање работа Indeed.com ги идентификуваше најатрактивните работодавачи за 2019 година со анализирање на преку 150 милиони коментари од вработени на својата платформа. Во продолжение, погледнете ја листата на топ 10 компании:

  1. Adobe
  2. Facebook
  3. Southwest Airlines
  4. Live Nation
  5. Intuit
  6. Costco Wholesale
  7. Delta
  8. eBay
  9. Microsoft
  10. Johnson & Johnson

Од Indeed велат дека овие компании добиле високи оценки од вработените бидејќи секоја од нив обезбедува пријатна работна средина, без разлика дали таа средина е забавна, поддржувачка, верна на корпоративните вредности или се од наведеното.

Во Adobe, на пример, рецензентите најмногу го пофалија раководството за насочување на компанијата во процесот на трансформација и ја поздравија компанијата за својата конзистентност во полето на иновативноста. Инаку, ова е прва година Adobe да се најде во топ 10 листата и да биде рангирана на првото место.

За вработените во Facebook, најважно е тоа што компанијата им овозможува да работат на технологија која го менува светот.

Останатите компании, како што е Live Nation добија добри оценки во полето на обезбедување обуки и можности за едукација на вработените.

Целата листа погледнете ја на линкот.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде