Vrabotuvanje.com - Шефот му наредил на келнерот да крене неколку столици, а тој му викнал полиција
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Шефот му наредил на келнерот да крене неколку столици, а тој му викнал полиција

Келнерот сметал дека шефот го малтретира

Шефот му наредил на келнерот да крене неколку столици, а тој му викнал полиција

Во познато кафуле во Сараево пред неколку дена се случила вистинска драма.

Кафулето имало потреба од нови вработени, а на огласот се јавил човек кој имал за цел да ја подобри својата егзистенцијална состојба.

Келнерот дошол да работи два дена и се било во ред додека неговиот шеф не му наредил да ги премести столиците и да ги поправи масите за гостите во дворот.

Наместо да послуша, вознемирениот келнер се упатил во другиот дел од барот и повикал полиција.

Се јави во полиција и рече дека шефот го малтретира, вели другиот келнер кој го наслушнал разговорот.

Овие наводи ги потврдија и од полициската станица Ново Сараево.

Вистина е. Добивме повик и нашите колеги излегоја на терен, велат од полициската станица за Аваз.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде