Vrabotuvanje.com - Gillette губи милијарди бидејќи мажите сè помалку се бричат
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Gillette губи милијарди бидејќи мажите сè помалку се бричат

Сопственикот на брендот “Gillette“ изгуби 8 милијарди долари бидејќи мажите ги променија своите навики

Gillette губи милијарди бидејќи мажите сè помалку се бричат

Procter & Gamble, еден од најголемите производители на козметика и сродни производи, постигна одлични резултати во вториот квартал, иако беше принуден да отпише дури осум милијарди долари од својот добро познат бренд бидејќи дојде до промена во социјалната прифатливост на (не) избричените мажи во последните 10 години.

Намалената фреквенција на бричење на развиените пазари ја намали побарувачката на жители, заклучи Јон Мулер, главен финансиски директор на P&G.

Според него, вредноста на марката, е исто така, под влијание на појавата на нови поевтини конкуренти.

Инаку, компаниите во своите финансиски извештаи редовно ги вреднуваат своите брендови, иако многу често не е лесно да се одреди точната вредност бидејќи таа е нематеријална редност што произлегува од посебноста на самиот производ.

Procter & Gamble е еден од најголемите светски производители на производи за широка потрошувачка. Посилни конкуренти на P&G се компании како Unilever и Henkel. Денес воглавно концентрирана на козметика, детергенти и слични производи, P&G го стекна Gillette на почетокот на 2005 година во трансакција вредна дури 57 милијарди долари.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде